Address
304 North Cardinal St.
Dorchester Center, MA 02124
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Address
304 North Cardinal St.
Dorchester Center, MA 02124
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Доколку имаш помеѓу 15 и 25 години и имаш идеја или сценарио за снимање на краток филм, те покануваме да се пријавиш за учество на работилници за развој на вашите први филмови со експерти од платформата First Film First (www.firstfilmsfirst.com).
Во склоп на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, мрежата EDU CUTS објавува повик за млади филмаџии со цел да го забрзаат своето знаење за полесно снимање на нивните први филмови. Ова е единствена можност за младите таленти од Западен Балкан да ги развиваат и снимат своите први кратки филмови со поддршка од филмски експерти.
Првата работилница ќе почне во втората половина на мај со повеќе учесници и ќе се реализира во 5 работни дена во тек на 2 седмици (според потребите и напредокот на проектите).
Во јуни на втората работилница ќе се квалификуваат најдобрите проекти од првата работилница како и понапредни проекти кои се спремни за продукција и ќе може да се пријават дирекно за втората работилница.
Двете работилници ќе се одвиваат онлајн преку ZOOM платформата.
Доколку сте заинтересирани за друг вид на продукција на видео содржини за млада публика (мини серии, подкасти и сл.), можете исто така да аплицирате.
За првата работилница, Ве молиме пополнете ja оваа ПРИЈАВА. (https://bit.ly/FirstFilm1)
Ако вашиот краток филм е подготвен за продукција, можете директно да аплицирате на втората работилницата.
За втората работилница пополнете ја оваа ПРИЈАВА. (https://bit.ly/FirstFilm2)
Учеството на работилниците вклучува едукација, интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои споделуваат заеднички интереси во производството на видео содржини со подготвеност за тимска работа под надзор на менторите.
Награди: Најдобрите три проекти ќе добијат поддршка со бесплатно користење на опрема за снимање на нивните кратки филмови. (6K камера, објективи, звук и др.)
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Средношколци, студенти од филмска школа (филмска и телевизиска режија, продукција, камера, монтажа, сценарио/драматургија), инфлуенсери, професионалци, полупрофесионалци или аматери од Западен Балкан на возраст од 15-25 години.
Работилниците се бесплатни за сите учесници.
Напомена: за учество на работилниците потребно е познавање на англискиот јазик.
1-ва работилница - краен рок за пријавување: 15.5.2024 година
2-ра Работилница - краен рок за пријавување: 01.6.2024 година
Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестиваливи организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com)
Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.